Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит преку комерцијалните банки се префрлени кај бизнисот

Bez autora
Jul 16 2025

Најверојатно во четврток ќе се одржи состанокот со општините на кој ќе бидат потпишани договорите од вториот јавен повик по што тие ќе можат да објавуават огласи за проектите, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој информира дека над 150 милиони евра од унгарскиот кредит преку комерцијалните банки се префрлени кај бизнисот, а за локалните самоуправи годинава се предвидени околу 200 милиони евра.

Реализацијата кај општините е нешто помала од очекуваната и на тоа, напомена, се работи дополнително.

-До овој момент половина милијарда или околу 500 милиони евра од унгарскиот кредит се потрошени за да се врати еврообврзницата подигната во 2018 година. Последната информација што ја имам, поврзана со кредити кон стопанството, е дека таа бројка е над 150 милиони евра кои се доделени преку комерцијалните банки во бизнисот, а за општините во Буџетот за годинава имаме предвидени околу 200 милиони ерва – истакна Мицкоски.

Со вториот повик за општините и потпишувањето на договорите, рече премиерот, ќе се заокружи вкупната сума средства земени од унгарскиот кредит – за враќање стари долгоиви и за развој и капитални инвестиции на државата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik